11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби-Гир: Нема простор за евроскептицизам, нема друга алтернатива освен европската интеграција

Вицепремиерот и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Безрезервната поддршка што Европската Унија и ја дава на Република Северна Македонија во процесите на развој и интеграција, посветеноста на Владата на земјата за понатамошното унапредување на реформските процеси, политиките на дијалог и стратешките цели на државата, беа дел од разговорот за време на оваа средба, а исто така се дискутираше и за прославата по повод 20-годишнината од Охридскиот Рамковен Договор и пописот на населението, информираат од кабинетот на Груби.

Тој на амбасадорот Гир му ја изразил определбата на земјата на патот кон интеграцијата и важноста на посредувањето на Европската Унија во надминувањето на спорот со Бугарија, а му изразил и благодарност за досегашната заложба за изнаоѓање решение што ќе биде во интерес на двете страни.

Груби, додаваат владините служби, истакнал дека нема простор за евроскептицизам меѓу политичките елити или граѓаните бидејќи сите достигнувања се заеднички и така ќе се продолжи во иднина.

Тој го информирал амбасадорот Гир за зелената агенда, како стратешка ориентација на земјата за подобар живот по нормативното заокружување на сите политички прашања утврдени во Охридскиот Рамковен Договор и Преспанскиот Договор, кои ги поставија темелите за еднаквост, демократија и еднаков економски развој.

Од своја страна, амбасадорот Гир во име на Европската Унија го потврдил учеството на одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот Договор.

Двајцата соговорници на крајот се согласиле дека треба да се вложат максимални напори за да се постигне единствената и непоколеблива цел на Република Северна Македонија за интеграција во Европската Унија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гир за иницијативата за референдум: Да се избегнува се што може да ја попречи евроинтеграцијата

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

M T

Груби: Во срцето на Европа ја проектираме европската иднина на Македонија

M T

Груби – Абдрахманов: Македонија е пример за почитување на правата на заедниците

M T

Груби – Томан: Преговорите со ЕУ да почнат на почетокот на 2022 година

M T