Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за Еуроњус дадено за време на неговата посета на Тирана, кажа дека има силна политичка волја и расположение каи граѓаните наесен да се одржи пописот на населението. Маричиќ уверува дека имаме модерен закон и методологија кои гарантираат дека пребројувањето на населението ќе биде според сите највисоки статистички стандарди.
-Сметаме дека ова е процес што треба да го направиме оваа година, бидејќи е неопходен за државата за да се креираат добри политики за нашите граѓани. Планираме да започнеме на 5 септември и да завршиме на 30 септември. И убеден сум дека тоа ќе се случи. Убеден сум бидејќи постои силна политичка волја и од владата и од сите политички партии, но и меѓу граѓаните постои високо разбирање дека ова е нешто потребно и нешто што треба да го направиме. Не гледам причина тој повеќе да се одложува. Мислам дека можеме да ги одржиме изборите веднаш по овој попис. Значи, целта на владата е да се стави крај на овој попис и да се започне кампања за локалните избори и мислам дека тоа е најразумното нешто што можеме да го направиме за државата, заклучи Маричиќ.