Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковид-тестовите на децата од Гевгелија се негативни

Ковид-тестовите на децата од Гевгелија се негативни, во моментот се спроведуваат и серолошки тестови за евентуално присуство на антитела, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Екипата од Универзитетската детска клиника од Скопје продолжува со анализите преку земање цел респираторен панел. Според Филипче, анализите прецизно ќе покажат за каков тип на инфекција станува збор по што јавноста ќе биде информирана.

„Првичните претпоставки се дека една од можните причини за ваквите манифестации, кои инаку се карактеристични за зимските и есенските месеци, е намалениот имунитет кај нив поради тоа што подолго време биле целосно изолирани и заштитени од вируси додека во сила беа ковид-мерките“, рече министерот.

Изминатиов месец во болницата во Гевгелија лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК