Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев на средба со директор oд Американскиот еврејски комитет: Eврејската заедница e важен сегмент во нашето општество

Премиерот Зоран Заев при посетата на Атина одржа средба со Дејвид Харис, извршен директор на Американскиот еврејски комитет.

Како што информираат од владината прес-служба, главниот акцент на разговорите бил ставен на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја.

„Еврејската заедница во нашата земја иако е мала, таа е многу активна и придонесува во градење на демократското општество со свои претставници во националните институции“, посочил Заев на средбата.

Извршниот директор на Американскиот еврејски комитет, Харис истакнал дека премиерот Заев и Северна Македонија имаат голема поддршка за евроинтегративните процеси на земјата.

На средбата се дискутирало и за енергетските проекти и договорите кои се потпишуваат со Грција после Договорот од Преспа, а имаат цел економско поврзување и напредок на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +