14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме во делови од Македонија, УХМР издаде метео предупредување – Какво време да очекуаме викендов?

Доцна попладнево во дел од југозападна Македонија е забележана нестабилност. Вечерва наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во деновите од викендов околу пладне и попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

Прогноза за 11.07.2021
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 28°C до 35°C
Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. УВ=8

Прогноза за 12.07.2021
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со Пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. УВ=8

Прогноза за 13.07.2021
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 39°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. УВ=9

Спонзорирано: