Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Битиќи кон Кочовска: Уште ли сакате данок по принцип „ало, Миле?“

Присилната наплата на данок е зголемена за 40% во однос на лани, информира вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостување на ТВ24, реплицирајќи на Гордана Кочовска од ВМРО-ДПМНЕ, според која ова е преголем процент за присилна наплата на данок.

-Ние мораме да го почитуваме владеењето на правото. Не можеме да оставиме некого да не плаќа данок по принципот „ало, Миле?“, изјави Битиќи.

Тој нагласи дека власта успеала да спаси 80 илјади работни места, за што биле искористени 4,2% од БДП.

-На 25-ти секој месец откако почна кризата, 350 илјади пензионери земаат пензија на време, по 12 илјади денари земаат примателите на социјална помош, а имавме и дополнителни мерки и пакети за полесно да ја поминат пандемијата, вели Битиќи.

Тој истакна дека во моментов одредени економски показатели се подобри и од оние во 2019 година, како што е индустриското производство и повтори дека економијата заздравува, бидејќи 9,8% е зголемување по основ на данок на личен доход во однос на минатата година, односно 5,85% од данок на добивка.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК