8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наум Петрески се прогласи себеси за владин музичар?

Македонскиот фолк пејач Наум Петрески, во изјава за „Фокус“ вели дека е разочаран и додава дека најголемите концерти им ги дадоа на владините музичари, пишува Фронтлине.

„Немам коментар. Долу Влада. Најголемите концерти им ги дадоа на владините музичари и тоа е тоа. Нема мерило во оваа земја за квалитет, туку за партиска припадност. Затоа ја губиме и изгубивме земјава“, изјави фолк пејачот за „Фокус“.

Колку е точно тоа? Од јавно достапните податоци, објавени на 16 јуни 2021, може да се види дека Наум Петрески, како и низа други луѓе од фолк сцената, всушност, бил добитник на средства на граѓаните, доделени од Владата. Деталниот преглед на средствата (стр. 9) открива дека тој е меѓу пејачите кои ќе добијат средства од Владата, преку фирмата Авард Промотион ДООЕЛ, и тоа во висина од 1.107.000 денари за концерт во Куршумли Ан.

Дали ова значи дека, сакајќи или не сакајќи, фолк пејачов се прогласи себеси за владин музичар? Без оглед на одговорот, ваквата изјава е, најблаго кажано, скандалозна. И неточна, пишува Frontline.mk.

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +