Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за трагедијата во која загинаа две лица кај Ресен

На 01.07.2021 во 22.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај превој „Ѓавато“, во близина на мостот над с.Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Охрид.

Од здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи.

Смрт констатирал лекар, а увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК