8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фаница Николовска: СДСМ се грижи за заштита на природните богатства – Шар Планина стана национален парк

Прес конференција на Фаница Николовска од СДСМ:

СДСМ спроведува континуирани политики за заштитата на природата и специфичниот биодиверзитет, за зачувување на уникатните природни вредности.

Во Собранието го донесовме Законот со кој дел од Шар Планина станува национален парк, како предел со исклучителна природна убавина, хидролошки карактеристики, пејзажни и културни вредности, дом на две третини од сите растителни видови во Северна Македонија.

Со прогласувањето на Шар Планина за заштитена област се овозможува воспоставување систем на одржливо управување, но отворање на нови можности за развој на локалната економија.

Со ова нашата држава го добива четвриот национален парк, прв по осамостојувањето.

Сега вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво изнесува 13,2% од територијата на државата.

Како одговорна партија, како одговорна Влада посветени сме на заштита на животната средина преку мерки и политики на краток, долг и среден рок.

Ги чуваме шумите за идните генерации, продолжуваме посветено и бескомпромисно да се бориме за заштита на животната средина, за зачувување на природните богатства.

Благодарам

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје – Најголемиот и најдобро организиран меѓународен настан во историјата на нашата држава

ДЕСК

20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, соопшти ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДС и ДУИ

ДЕСК