Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шут, песок, облека, влажни марамици пронајдени во главната канализација во Шуто Оризари, надлежните апелираат на одговорно користење

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони…), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност и превенција од затнување и излевање на отпадната вода.

„Во текот на мината ноќ, екипите на секторот Канализација, на ул. Индира Ганди, во Шуто Оризари, работеа на чистење и одзатнување на главна фекална канализациска линија, со дијаметар на цевка 250мм, полна со шут, песок, текстилни материјали, влажни марамици… За одзатнување на мрежата беа ангажирани две цистерни (под притисок и вакуум) и вакуум пумпа со голема моќност. Апелираме ваквото неодговорно однесување да се запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето, особено во период на зголемени дневни температури“ – истакнаа од сектор Канализација.

Апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно кон селекцијата на отпадот, негово рециклирање и правилно одлагање. Граѓаните за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.