3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Со „Мој ДДВ“ четиричлено семејство враќа 28.000 денари годишно во домашниот буџет

Под мотото „Мој данок, моја заштеда“ секој граѓанин ја согледа важната улога и одговорност која ја има во овој процес, а тоа е активно да учествува во намалувањето на неиздавањето на фискалните сметки со тоа што како партнер на УЈП ги пријавува ваквите појави, рече Сања Лукаревска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) на денешната прес-конференција по повод ,,Две години МојДДВ со граѓаните”.

-Благодарение на „МојДДВ“ едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во својот семеен буџет, рече таа.

Таа посочи дека за време на тешката економска и здравствена криза предизвикана од Ковид-19 преку „МојДДВ“ 5.537 граѓани својот поврат во износ од 5,8 милиони денари го донираа во здравствениот сектор.
 
-Апликацијата „МојДДВ“ е достапна на сите смарт мобилни телефони, 10 киоск апарати и 36 бар код читачи во даночните канцеларии на УЈП. Трендот на раст на корисници за нас како институција е доказ дека сме направиле добра работа, потенцира Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

C +

ВМРО-ДПМНЕ: Нови авиолинии и нови патишта, Македонија се поврзува и станува подостапна за бизнис, туристи и регионална соработка

C +

ДУИ: Во Куманово се ширеше омраза, институциите молчат!

C +