Изминаа четири години власт на СДСМ и може да кажеме дека Македонија е многу понапредна, економски стабилна и меѓународно ценета, дел сме од НАТО сојузот на пат сме кон ЕУ, рече на трибината„Најдоброт за нашата општина“ во Куманово, потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Токму во овие четри години власт го живееме времето на идеалите на нашата Република Северна Македонија, моменти кои ги постави нашиот прв претседател на независна Македонија, Киро Глиготров, независна, демократска, слободна членка на НАТО, рече тој.
Спасовски потсети дека СДСМ секогаш градиме едно општство за сите.
-Македонци и Албанци, Турци и Роми, Срби и Власи, сите кои заедно живееме во Куманово затоа што Куманово е Македонија вомало, и најдобро знаеме што значи да се живее заеднички да се гради Едно општество за сите, не само во градот туку и во државата, рече Спасовски .
Тој рече дека Владата предводена од СДСМ направила голем напредок во економијата, социјалната сфера, здравството, образованието, културата, спортот.
-Ако се прашаме дали бевме добри, можени не најдобри, но ги исполнуваме очекувањата и сите принципи ко беа програмска определба на изборите во 2016 и 2017 година, завршени се 60 проценти од ветените проекти, а 20 проценти се во рализација, рече Спасовски.