Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Пензионирање со 64 години возраст и 15 години стаж

Фејсбук статус на Министерката за труд, Јагода Шахпаска:

Пензионирање со 64 години возраст и 15 години стаж!

✅Пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за работните односи, на кои работевме заедно, а кои се однесуваат на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на ноември минатата година.

👉Ова решение остава можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

👉Продолжување на работниот однос до 67 години, под строго дефинирани критериуми и постапка, ќе има само за дефицитарните кадри во здравството и во високото образование.

✅На овој начин отвораме можност за вработување на младите, но и ја намалуваме бројноста во администрацијата.
📌Законот ќе почне да се применува од 30 јуни 2022 година.

На овој начин, за граѓаните кои веќе го стекнале правото да го продолжат својот работен век, обезбедуваме можност да го остварат веќе стекнатото право.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – РКЕ пред одлука

ДЕСК

СИНДИКАТИТЕ СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА СТАВАТ НА МАСА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА – Утре седница на економско-социјалниот совет на која ќе се сретнат власта и синдикатите

ДЕСК

Синдикална минимална кошница за месец декември порасна на 65.173 денари

ДЕСК