9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Го наследивме Куманово со огромни долгови, а денес на сметката имаме 160 милиони денари

„Куманово е единствена општина од тие кои што беа блокирани, а е раздолжена. Долговите беа огромни, најголем дел вештачки создадени, поради причини познати за нашите политички опоненти. Денес на сметката на општината имаме 160 милиони денари, средства со кои ќе го градиме нашето Куманово“ рече градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на граѓанската трибина „Најдоборот за нашата општина“ во Куманово.

Тој додаде дека конечно поминаа тешките моменти кога Куманово беше на маргините во државата, за денес општината да има можности и да ги користи тие можности.

„Секогаш можеме повеќе. Можеме доколку сите ние тоа го посакуваме, но Куманово се развива и се гради. Денес сме свои на своето, градиме патна инфраструктура, паркови, игралишта, спортски објекти и продолжуваме да работиме посветено и во село и во градот и во приградсктие населби“ рече Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово кажа дека само во оваа година се изградени повеќе од 8 километри патна инфраструктура.

„За 3 години, во соработка со централната власт и министерството за образование, изградивме 3 спортски сали. Исто така, конечно успеавме да ги вратиме и спортските терени под надлежност на општината. Тоа што нашите родители го градеа со самодопринос, а од 1998 до 2002 година беше дадено на приватни концесионери, го вративме назад кај граѓаните“ рече Димитриевски и додаде дека општината започна со реконструкција на спортските објекти.

Можеби ќе ве интересира

Денеска е значаен празник: Светиот великомаченик Пантелејмон

ДЕСК

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во мирното мало градче Демир Хисар

ДЕСК

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК