Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Полицаец “фатен” како зема мито – Веднаш е суспендиран

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

На 28.06.2021 ОВР Кочани поднесе кривична пријава против П.Ј., полициски службеник во ПС Кочани поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ. Имено, пријавениот искористувајќи ја својата службена положба ги пречекорил границите на своите овластувања на начин што при пополнување пријава за престој на странски државјани на територија на РСМ побарал и земал паричен надомест од пријавителот-странски државјанин.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој е суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновски: Уставната жалба е заедничка точка на институционален дијалог

ДЕСК

Филипче: Намалувањето на ДДВ за горивата не дава ефект – цените растат

ДЕСК

Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА, во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

ДЕСК