‘Ќе ги научиме учениците уште од најмала возраст да препознаваат лажни вести, но и ќе создадеме можност нашите ученици да бидат изложени на вистинити информации, кои ќе знаат како да ги проверуваат’, истакна министерката за образование Мила Царовска, додавајќи дека интензивно се работи и на подготовка на наставниците, кои често знаат да се таргет на лажни вести.
-Владата стратешки се справува со лажните вести, но МОН има голема одговорност во процесот на резистентност од лажните вести, изјави Царовска.
Таа додаде дека критичкото мислење и медиумската писменост се многу значајни за секоја држава, бидејќи лажните вести се користат за креирање политички кризи. Министерката оцени дека борбата против овој феномен не може да се одвива преку ноќ.
-МОН презема активисти преку новата концепција за основно образование која започнува со примена од наредната учебна година во прво и четврто одделение, каде медиумската писменост и критичкото мислење ќе бидат столб и ќе бидат интегрирани во сите наставни предмети. Фокусот ќе биде ставен на анализа и проверка на содржините и во континуитет оваа проверка ќе се спроведува во сите наставни единици, заклучи Царовска.