Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Ќе го блокираме воведувањето на кризниот данок на секој можен начин

Кризниот данок кој што го воведува СДСМ за горивата од 4,13 денари директно им задира во џебот на граѓаните, обвини портпраолот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Според него, со наметнати давачки од почетокот на мандатот до сега, оваа Влада давачките за литар гориво ги зголемила за 14 денари по литар.

„Едно семејство со овие наметнати давачки за литар гориво, месечно ако троши еден резервоар од околу 40 литри во својот автомобил, давачките се покачени во просек за 600 денари по семејство“, посочи Арсовски.

Партискиот портпарол обвини дека македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, само за, како што кажа, да го покријат задолжувањето и непродуктивните трошоци на владата.

„Овој ценовен шок кој ни го приредуваат од власта ќе ги покачи сите давачки во превозниот сектор. Транспортерите ќе бараат реално покачување на картите за патниот превоз и покачување на тарифите. Но, ќе се покачат и останатите давачки од транспортниот сектор“, посочи Арсовски нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира ова решение на секој можен начин.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +