Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерката Шахпаска ќе присуствува на вториот министерски состанок за интеграција на Ромите во Сараево

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска попладнево отпатува за Сараево, БиХ, каде ќе учествува на Вториот Министерски состанок за интеграција на Ромите, соопштија од нејзиниот кабинет.

На состанокот, кој е во организација на Министерството за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина и Регионалниот Совет за Соработка, ќе учествуваат министрите од Западен Балкан кои се одговорни за интеграцијата на Ромите, како и претставници од Европската Комисија и меѓународни невладини организации кои се ангажирани во делот на интеграцијата на Ромите.

Министрите и претставниците од Европската Комисија, како што е посочено во соопштението ќе разговараат за напредокот што земјите од Западен Балкан го имаат во делот на имплементацијата на заклучоците од Првиот министерски состанок што се одржа во Албанија во октомври минатата година.

Заклучоците од состанокот од министерскиот состанок што ќе се одржи утре во Сараево, се очекува да бидат поддржани на Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамките на „Берлинскиот процес“, што ќе се одржи на 5 јули, во Берлин, Германија.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +