Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Книжевна вечер „Зборот на Конески“ во Струмица

Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица утре (25 јуни) во Амфитеатарот во Градскиот парк ќе одржи книжевна вечер „Зборот на Конески“. На настанот ќе присуствуваат професорката Вера Стојчевска-Антиќ и Свето Стаменов, новинар, автор и публицист, кои ќе зборуваат за делото на Конески.

Професорката Антиќ како долгогодишна соработничка на Блаже Конески досега издаде три книги посветени на делото на Конески, а заедно со Стаменов го приредија и зборникот „Навраќања кон Конески“.

Во Амфитеатарот ќе се прикаже и поетскиот видео-перформанс снимен во падините на Беласица, кај Колешинските водопади. Стихови и мисли од и за Конески кажуваат членовите на здружението: Мариета Дукиќ, Катерина Панов-Кожаров, Сузана Мицева, Ана Витанова-Рингачева, Билјана Костадинова и Ице Беличев. Видеото го изработи Кире Пиличев, а продукцијата е на ТВ канал ВИС.

Книжевната вечер посветена на Блаже Конески ќе се одржи по повод стогодишнината од неговото раѓање. Здружението „Иван Василевски“ во знакот на Конески ќе го издаде и двобројот на списанието за литература „Зенит“. Овој настан е во склоп на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“.

Можеби ќе ве интересира

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК

Black Friday во „Литература.мк“ со попусти до 90% цел месец!

ДЕСК