Отсега услугите на Тиго достапни во 3 маркети на Електрометал во Скопје
Скопје, 24 јуни, 2021 г – Во рамките на стратегијата за проширување на достапноста на финансиските услуги, финансиското друштво Тиго Фајнанс започна партнерска соработка со Електрометал, преку која, пристапот до финансиски средства во најпотребните моменти станува уште подостапен за граѓаните. Соработката доаѓа како резултат на официјални истражувања во кои се забележува најчестата потреба за производите од ваков тип, како и како резултат на обединувањето на професионалноста, иновативноста, прилагодливоста и посветеноста кон потребите на клиентите, вредности кои обете компании ги живеат и негуваат.
Под слоганот „Тиго и Електрометал: Пријатели на домот и буџетот“, компаниите направија функционален спој на две различни индустрии, чиишто придобивки се во полза на граѓаните. Со овој иновативен и уникатен партнерски пристап, компаниите овозможуваат на едно место и во неколку минути, безгрижно пазарување на над 60.000 најразлични производи за домаќинството, паралелно со можност за едноставен и брз пристап до финансии. Всушност сега, потрошувачите имаат над 60.000 МКД за над 60.000 најразлични производи
Почетокот на партнерството го означија отворените филијали во маркетите на Електрометал во населбите Маџари, Карпош и Драчево, каде отсега граѓаните можат да подигнат кредит до 80.000 денари, само со лична карта, за помалку од 10 минути и на тој начин, да си ја зајакнат куповната моќ при пазарувањето, или пак да го покријат финансискиот кусок, но и да задоволат било каква друга финансиска потреба преку ненаменски потрошувачки кредит.
Точните локации како и работното време на Тиго филијалите во Електрометал се достапни на www.tigo.mk/filijali. Инаку, до услугите на Тиго Фајнанс, клиентите можат едноставно да пристапат преку веб страницата www.tigo.mk, да се информираат со јавување во контакт центарот на 13 700 или директно во една од филијалите ширум земјата.
Електрометал, пак, со 70 години традиција, гаранција за доверба и квалитет, претставува синоним за континуирано трговско делување и вистински центар за домот кој на купувачите им нуди широк асортиман на производи од најквалитетните светски брендови во своите индустриски гранки.
ПР Текст