Манекенката Билјана Јаневска ја претставуваше нашата држава на Избор за Мис Модел Туризам во Светот во Јамајка.
Јаневска успеа да се пласира во финалето на Избор за Мис Модел Туризам. И како што вели, не само што успеала да се пласира во големото финале, туку освоила и две награди.
„И не само што влеговме во финале туку и зедов две награди. За најдобар изглед и најдобар костим за капење“, вели Билјана.
„Најчесто успех се случува кога силно веруваш во себе. Финалето е во Сабота на 26-ти јуни. Оваа недела се прогласуваат победници по категории и финалисти. Пресреќна сум затоа што овојпат триумфално ја зграпчивме втората шанса“, додава Јаневска.
„Им благодарам на сите кои што ме поддржавте, колеги, роднини, спознори, пријатели и непријатели. Успеав затоа што верувам во себе. Си го следам својот инстинкт и чекорам напред без оглед на сè! Пресреќна сум!“, напиша Билјана во описот на објавата на својот фејсбук-профил.