Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Битиќи на средба со граѓаните на Арачиново: Креираме програма заедно со граѓаните кои ќе ги понуди најдобрите решенија за секоја општина

Попладнево во рамките на теренските активности „Најдоборто за нашата општина“, потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи учествуваше на маалска средба со граѓаните од општина Арачиново, заедно со градоначалничката на општина Арачиново Миликие Халими и претседателот на ОО СДСМ Арачиново Агрон Халими.

Пред присутните граѓани потпретседателот Битиќи се осврна на проектите на централната власт кои реално го унапредуваат животниот стандард на граѓаните. Денес зборуваме за континуиран раст на минималната и просечна плата, постојано инвестираме во подобрување на патната инфраструктурата, во капитални проекти кои се реални и видливи.

Токму поради тоа ние зборуваме за најдоброто, за она што го креираме заедно со граѓаните.

Во однос на вложувањата за Арачиново, потпретседателот Битиќи посочи дека после подолг период локалната власт, заедно со Владата го изградија канализациониот систем долг 10 км, кој што ги поврзува околните села Орланци, Мојанци и Грушино, токму затоа секогаш го нудиме најдоброто за секоја општина, затоа што вложуваме во реални, видливи прокети.

СДСМ е постојано со граѓаните ги слушаме вашите идеи, коментарите и предлози, поради тоа СДСМ на овие локални избори ќе излезе со најдобрите решенија за секоја општина.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК