Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Џафери со Алекса Бечиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на маргините на Осмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 21 до 23 јуни 2021 година во Анталија, оствари билатерална средба со г. Алекса Бечиќ, претседател на Собранието на Црна Гора.
На средбата г. Џафери истакна дека земјите во регионот делат заеднички погледи во однос на потребата од зачувување на мирот и стабилноста во регионот, преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка. Северна Македонија и Црна Гора ги врзува традиционално пријателство како и добри политички, културни и економски врски. Членството во НАТО и заедничката европска иднина на двете држави, дополнително ги зајакнуваат меѓусебните односи. Тој го поздрави напредокот на Црна Гора во процесот на интеграција во Европската Унија и ангажираноста на Владата на Црна Гора посветено да работи на ЕУ агендата. Во однос на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, тој укажа дека очекуваме отпочнување на пристапни преговори со Унијата. Подвлече дека остануваме посветени на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од 2017 година како добра основа за надминување на разликите. Претседателот Џафери изрази надеж дека во наредниот период ќе се интензивираат контактите и заеднички со рационален пристап ќе се успее да се врати довербата со што ќе се отворат вратите за почеток на пристапниот процес.

Претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Алекса Бечиќ истакна дека односите меѓу двете држави се на високо ниво, со одржување на редовни политички консултации. Во однос на економската соработка изрази надеж дека ќе продолжат да се продлабочуваат регионалните односи како основа за поинтензивна економска соработка и пред се подобро инфраструктурно поврзување меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Соговорниците разменија информации и искуства за процесот на унапредување на парламентарното работење како и подобрување на транспарентноста и одговорноста во двата парламенти со цел подобро спроведување на нивната надзорна и контролна улогата над владите.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК