Centar.mk
БИЗНИС

Поскапуваат горивата – еве за колку

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.06.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 денари по литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари по литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 62,00 денари по литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 денари по литарт.

Можеби ќе ве интересира

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

C +

АХВ со важна информација: Оператор за храна од рафтовите повлече производ за бебиња – ако сте го купиле, не им го давајте на бебињата

ДЕСК