Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР со детали за трагедијата на патот Штип-Кочани: Двајца возачи загинаа

Две лица починаа, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случи на експресниот пат Штип-Кочани, соопшти МВР.

„На 20.06.2021 во 14:10 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот А.И. од Битола и патничко возило „хонда ЦВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.М. од Велес. Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата. Во незгодата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола“, Б.К.(30) од Кочани, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телата на почнатите биле дадени на обдукција. Во периодот од 14.45 до 20.00 часот сообраќајот бил пренасочен по магистралниот пат Штип-Кочани“, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +