Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Битолчанец осомничен за недозволена трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 26 години, осомничено за кривичо дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 18 јуни, во автомобил марка Ауди А6, неовластено за продажба држел наркотична дрога – 11,02 грама кокаин во повеќе полиетиленски пакувања. При претрес на неговиот дом, пак, полицијата пронашла и 2,59 грама марихуана

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради проценката дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +