Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа на патот Берово-Делчево: Едно лице повредено

Четириесет и петгодишно лице од пехчевското село Панчарево е повредено откако со своето возило излетало од регионалниот пат Берово – Делчево, кај селото Стар Истевник. Случајот го потврдија од делчевската полиција.

– На 15.06.2021 во 17:30 часот во полициската станица во Делчево е пријавена сообраќајна несреќа на возило „форд“ со штипски регистерски таблички. Во несреќата со повреди се здобил возачот И.Д (45) од село Панчарево. Повредите настанале по излетувањето на возилото од коловозот на регионалниот патен правец Берово – Делчево кај делчевското село Стар Истевник, известија од полицијата во Делчево.

По несреќата извршен е увид од страна на полициски екипи од Делчево, а повредениот со возило на Брза помош е транспортиран до Клиничка болница Штип на понатамошен третман.

Можеби ќе ве интересира

Отсјај од рефлектори на небото над Битола направи паника, отвори дилеми и шекулации на социјалните мрежи

ДЕСК

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК