25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Отворен јавниот повик за самокандидирање за градоначалници, СДСМ излегува со најдобрата понуда на локалните избори

Прес-конференција, Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ како најголема, најдинамична, најорганизирана партија започна со креирање на најдобрата понуда за претстојните локални избори, за најдобрата понуда за секоја општина, за секој град.

Со граѓаните, на маалски и урбани средби, преку граѓански трибини, го презентираме она што досега сме го сработеле на централно и локално ниво.

Но, истовремено го слушаме и гласот на граѓаните, ги следиме нивните потреби кои ќе ги преточиме во програмски решенија.

Паралелно со овие активности, во тек е внатрепартиска постапка за номинирање на кандидати за градоначалници и советници во општините и Градот Скопје од редовите на СДСМ.

Нашата цел е да ги избереме најдобрите кандидати за секоја општина.

Од денеска е отворен и јавен повик за самокандидарање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори.

Повикот со сите детали е достапен на веб страната на СДСМ уште од денеска а од утре излегува и оглас во печатените медиуми на македонски и албански јазик.

Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто.

Со висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење, кои имаат поддршка од сите етнички заедници, кои ги почитуваат принципите и вредностите едно општество за сите граѓани и во целост ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели СДСМ.

Дел од новитетите е што од секој кандидат бараме да достави и Детална програма со предлог идеи и проекти за развој на општината или град Скопје за периодот 2021-2025 година, и изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ.

Во СДСМ како демократска, отворена, инклузивна партија има натпревар на идеи и програми.

Низ транспарентен, демократски процес заедно да дојдеме до најдобрите кандидати, најдоброто за секоја општина.

Заедно ќе спроведеме евалуација, ќе следуваат и истражувања на јавното мислење за да се провери и рејтингот на кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

СДСМ продолжува да поставува нови стандарди на партиско дејствување се демократизираме уште повеќе, за уште повеќе да го демократизираме целото општество. Тоа е она што нè одвојува од останатите партии, тоа е она што граѓаните го препознаваат.

Затоа СДСМ е убедлив фаворит и на претстојните локални избори, затоа што и овој пат ќе ја имаме најдобрата понуда за секоја општина, за секој град.