Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Илијев од Кочани: Приоритет ни се капиталните проекти и постојаното подобрување на на животот

Еден од најголемите проблем за граѓаните во една земја е секогаш патната инфраструктура, но ние како локална самоуправа овие проблеми ги решаваме со зголемувањето на капиталните инвестиции во овој дел, рече на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

-Тоа овозможува намалување или спречување на миграцијата и развој на земјоделството. Од 2018 година Буџетот на Општина Кочани е во постојан раст . Во 2020 година имавме највисока реализација од 222 милиони денари. За 2021 година имаме  апсолутно највисок планиран буџет. Вкупниот буџет е 337 милиони денари, од кои за капитални инвестиции се 220 милиони – доказ како се сака и како се работи за Кочани, рече Илијев.
Тој појасни дека во изминатите години се создадени добри инфраструктурни врски на населените места со административниот центар на градот,  изградени се 3,5  локален пат од Кочани до Мојанци, обновени се тротоари,  поставено е осветлување на селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци.

-Изработивме Стратегија за одржлив развој на Кочани, со определени правци за развој на општината. Главна цел ни се капиталните проекти и подобрувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани. Во Центарот на нашите проекти се децата, само во минатата година изградиме шест нови детски игралишта и ги реконструиравме останатите.

Еден од тие проекти е изградба на системот за одвојување на отпадните води и асфалтирање улици во населените места. Потоа асфалтирање на пристапни патишта до познати туристички локалитети, сето ова значи и редовно чистење на постојните патишта и чистење канали за спречување поплави.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК