23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бачовски од трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани: Ги зголемивме субвенциите за ориз за над 100%, за СДСМ се важни сите земјоделци, сите граѓани

Во изминатиот период спроведовме бројни мерки во интерес на земјоделците, за развој и унапредување на земјоделството, за намалување на трошоците, за зголемување на субвециите, за повисок стандард, за достоинствен живот, порача членот на ИО на СДСМ Никица Бачовски, од граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани.

Покажавме и докажавме дека за нас важни се сите земјоделци, истакна Бачовски, додавајќи дека праксата на поделба на наши и ваши која беше воспоставена од ВМРО – ДПМНЕ веќе одамна е минато, а заврши и времето на селективна исплата на субвенции и државна помош.

Тој соопшти дека година за првпат после долг период имаме зголемување на засеаните површини под ориз што говори за правилното носење на мерки и политики во земјоделскиот сектор.

Субвенциите за ориз по хектар се зголемија, за над 100% од 12.000 на 25.000 денари, усвоивме и исплативме интервентна интервентната мерка од 5 денари за предадена оризова арпа, кога пазарната цена беше ниска, нагласи Бачовски.

Тој истакна дека со финансиска поддршка од програмата за рурален развој се поврза Градче со градот Кочани, се асфалтираа улици за поврзување на село Оризари со Кочани, се градеше во Долни Подлог, Мојанци, Тркање и Прибачево, завршен е патот Крушка – Ајдар, а сите кочанчани и останати посетители денес можат да го посетат локалитетот Добра Вода и манастирот Пресвета Богородица возејќи се по нов модерен пат.

Верувајте, СДСМ е „Најдоброто за нашата општина“, најдоброто за Кочани, заедно ќе оствариме уште една голема победа на СДСМ, уште една победа на граѓаните, порача членот на ИО на СДСМ Никица Бачовски на трибината во Кочани.