Centar.mk
БИЗНИС

МАПАС со порака до граѓаните – Информирај се навременo за својата пензија

Во насока на навремено и соодветно информирање на јавноста за клучните аспекти поврзани со тростолбниот пензиски систем во РСМ, МАПАС и оваа година спроведува активности за информирање и едукација на граѓаните. Преку овие активности МАПАС има за цел да ја подигне свеста особено кај младите кои сега стапуваат во работен однос за важноста од навремено информирање за придобивките и можностите, како и за правата и обврските на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови.

Капитално финансираното пензиско осигурување во првите пет месеци од 2021 година оствари раст од 9%. Заклучно со мај 2021 година, нето средствата на задолжителните пензиски фондови изнесуваат околу 95 милијарди денари, додека нето средствата на доброволните пензиски фондови изнесуваат 2,5 милијарди денари. И бројот на членови во вториот столб се зголеми за 2% и сега изнесува околу 538 илјади, додека во третиот столб вкупниот број на членови во мај 2021, споредено со декември 2020 година, се зголеми за 2% и изнесува 26 илјади членови.

На 1.3.2021 почна со работа и третиот доброволен пензиски фонд – Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, и сега капитално финансираното пензиско осигуурвање брои вкупно шест пензиски фондови, три задолжителни и три доброволни пензиски фондови.

Позитивните резултати се потврда за стабилноста на капитално финансираното пензиско осигурување кое е под супервизија на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

„Навистина сме горди што и успешно работиме во интерес на осигурениците. Постигнатите резултати нѐ охрабруваат да продолжиме со нашата цел – подигнување на свеста, особено на младите, за навремено информирање и носење одлука за својата пензија. Колку порано граѓаните се информираат и се вклучат во капитално финансираното пензиско осигурување, толку подобра иднина си обезбедуваат за мирни и стабилни пензиски денови“, истакна Максуд Али, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Сите информации за членство во задолжителните и доброволните пензиски фондови, за регулативата и нејзините промени, како и за правата и обврските на членовите се достапни на интернет страницата www.penzija.mk

Капитално финансираното пензиско осигурување е вториот сегмент според големината на активата во рамки на финансискиот систем, веднаш по банкарскиот сектор во земјава и има значајна улога за финансиската стабилност на земјата.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК