Интегрално прес конференција на Костадин Костадинов од СДСМ:
Нашата таковина, нашите граѓани веќе ги живеат историските успеси. Ние сме НАТО.
Во Брисел се одржа прв Самит на НАТО на којшто Северна Македонија учесуствуваше како полноправна и рамноправна земја-членка.
На иста маса со најсилните, рамо до рамо со нашите сојузници со кои делиме исти вредности, посветени на колективната безбедност.
Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка и национална цел поставена уште од независноста.
Обезбедена е нашата безбедност и стабилност и подобрена е безбедноста и стабилноста на целиот регион.
Додека премиерот Заев и нашата државна делегација работат за иднината на државата, за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски целосно се загубија во деструктивноста.
Откако им издишаа протестите и блокадите цела нервоза ја истураат во нови опструкции и блокади.
Таквата деструкција и немање ориентација во простор и време, ги доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси.
Наместо да го поздрават државниот успех, наместо да честитаат за членството во НАТО и одржувањето на првиот Самит како рамноправни партнери, шират невистини за лажно загрозување на идентитетот.
ВМРО-ДПМНЕ е штетен фактор за македонските национални интереси и кога е власт, и кога е опозиција.
Одбивајќи да расчистат сами со режимот во самите себе, тие ѝ се одмаздуваат на сопствената татковина со неразумно и штетно делување, буквално во секој поглед.
Повеќе од јасно е дека оваа партија нема волја, ниту желба, уште помалку капацитет да се издигне над мрачното наследство кое им го остави Груевски. Тоа го покажа и снимката и зборовите на Жугиќ.
Сѐ додека раководството удобно безделничи и контрира на највисоките државни интереси, опкружено со ,,велелепни лустери, црвени теписи и махагони’’, нема аир од нив ни кога странува збор за здравство, ни за образование, уште помалку во односите со сојузниците и меѓународната заедница.
Впрочем граѓаните тоа шест пати по ред јасно им го ставија на знаење, но тие не се откажуваат од своите деструкции и заштита на криминалот и корупцијата.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе си остане опозиција, зачаурена во Белата палата.
Благодарам