„Социјалната реформа донесена во 2019 година беше ставена на тест во време на пандемијата и се покажа дека е мошне ефикасна за полесно пребродување на кризата. Социјалната помош беше зголемена за 300 проценти, олеснет беше пристапот до образовен додаток, а се воведе и државната социјална пензија. Пандемијата не научи дека системот мора да функционира“ кажа Јована Тренчевска членка на Извршниот одбор на СДСМ на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Прилеп.
„Од 1 октоврми Недела ќе биде неработен ден, ден за одмор, за сите работници, освен за работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат. Овие работници за работа во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50 проценти од редовната. Дополнително, ќе добијат и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена“ повтори Тренчевска.
Таа додаде дека исправена е и децениската неправда кон стечајните работници, па денес 12 илјади лица добиваат месечен надомест од 8 илјади денари до нивното пензионирање. Членката на ИО на СДСМ додаде и дека се планира нов Закон кој ќе опфати дополнители лица од оваа категорија граѓани.
„Една од најмудрите работи кои земјата треба да ги направи за да обезбеди еднаквост и долгорочен просперитет за сите граѓани е да инвестира во раното детско образование. Затоа за само 9 месеци отворивме 12 градинки во кои се згрижени околу 700 деца. До крајот на годината ќе бидат отворени уште 13 нови градинки, кои ќе го зголемат капацитетот на деца за 1.400 места“ кажа Тренчевска.
Таа додаде дека Владата се грижи и за највозрасната категорија на граѓани преку редовно и предвремено исплаќање на пензиите, како и помош за тие пензионери со најниски пензии со четвртиот пакет мерки за справување со пандемијата.
„Околу 324.000 пензионери денеска добиваат повисоки пензии. Пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, зголемени согласно Закон, кое што беше укинато од претодната власт. Тоа значи усогласување на пензиите со растот на тошоците на живот, двапати во годината, раст на пензиите со раст на БДП повеќе од 4% и третата можност за раст е со раст на минималната плата од 15% и просечната 5%“ потенцираше Тренчевска.