Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Талески: За Прилеп во три години направивме повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ во три мандата!

„СДСМ за три години направи„ многу повеќе за Прилеп, отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години“, подвлече пратеникот на СДСМ, Миле Талески на партиската трибина во градот. Тој додаде дека се реализирани голем број капитални инвестиции во Прилеп, особено во инфраструктурата.

-Кај ТИРЗ Прилеп, изградивме клучка. Капитална инвестиција, која заедно со другите инвестиции во Зоната, изнесува 6 милиони евра. Со нејзината изградба, ја подобривме безбедноста на сите учесници во сообраќајот на тој потег, а секако допринесовме и за побезбеден транспорт на стоки и услуги, обезбедивме услови за нови инвестиции во зоната и нови работни места. Реконструиравме околу 16 километри од Регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола. Тоа прва негова реконструкција откако е изграден во далечната1964/65 година. Поставен е нов асфалт, нови банкини, нова сигнализација, изјави Талески.

Тој потсети и на рехабилитацијата на патот до Прилепското езеро, патот за Мариово, но и изградбата на патот од Волково преку Прилепец до манастирот „Св.Никола“, каде е поставен асфалт во должина 5.5 километри, при што е подобрена пристапноста до овој духовен храм.

-Примарната гасоводна линија веќе поминува покрај Прилеп. Наскоро, согласно предвидената динамика, ќе стартува и секундарна гасификација на градот. Реконструирани се улици во сите делови на Прилеп и населените места. Се реконструира водоводната и канализационата мрежа и се гради нова секаде кадешто нема. Заради сето ова, најодговорно тврдам дека за 3 години изградивме повеќе, отколку ДПМНЕ во три мандата, заклучи Талески.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК