Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со помош на тигрите извадено телото на починатиот полицаец – МВР со деталите во атарот на село Илиово, делчевско

На 12.06.2021 околу 14.00 часот на место викано „Скалата“, атар на с.Илиово, делчевско, од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од ОВР Делчево од водите на езерото Калиманци е извадено безживотното тело на Т.С.(51) од Делчево, за кого во 12.20 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека се оддалечил од домот и отишол на риболов.

Малку подоцна од езерото било извлечено и патничкото возило „застава 128“, со кочански регистарски ознаки, кое Т.С. го управувал.

Увид извршиле увидна екипа и Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ДОКУМЕНТИРА СЛУЧАЈ: Скопјанец нападнат на подрачјето на Центар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК