Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Историски најниска невработеност, раст на извозот и индустриското производство

Стапката на невработеност на крајот на првиот квартал од 2021 година падна на историско најниско ниво од 16 отсто, истакна на прес-конференција, Димитар Ковачевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Како што соопшти, истовремено, стапката на вработеност, втор квартал по ред се зголемува. Од 46,8 отсто на крајот на 2020 година, сега имаме стапка на вработеност од 47,1 отсто.

„Ова значи дека во текот на првите три месеци од 2021 година кога целата светска економија сè уште беше под удар од коронакризата, кај нас се отворија околу 3.500 нови работни места. Платите континуирано растат и во услови на пандемија. Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари, што е за 6,8 отсто е повисока од истиот месец во 2020 година“, рече Ковачевски.

Тој посочи и дека е регистриран пораст на индустриското производство, кое во април оваа година бележи раст од 46,1 отсто, како и раст на извозот, кој, пак, е зголемен за 40,7 осто.

Ковачевски најавува период на забрзан економски раст кој ќе го стимулира власта преку Интервентниот план за инвестиции со вкупна вредност од околу 8,1 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК