Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 деца затекнати во возило кај Куманово

Дваесет мигранти од Бангладеш, меѓу кои 9 деца биле затекнати вчера во комбе на автопатот Куманово – Табановце, кај место викано „Костурник“.

Со возилото управувал Љ.М.(44) од Скопје, кој е приведен од страна на полицијата.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени на социјален работник од Министерството за труд и социјална политика, а Љ.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК