9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Реципроцитет: Русија протера македонски дипломат од амбасадата во Москва

Вработен во македонската амбасада во Москва е прогласен за персона нон грата во Русија, како реципрочен одговор на руските власти за неодамнешното протерување на нивни дипломат од земјава, информира Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува агенцијата „РИА новости“.

– Вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата, се наведува во соопштението на МНР на Русија.

Одлуката на руските власти е образложена како одговор на немотивираниот потег на македонските власти да протераат руски дипломат на 14 мај. Во таа прилика, МНР го повика рускиот амбасадор Сергеј Баздникин и лично му ја соопшти одлуката, пришто беше даден рок од седум дена за непожелното лице да ја напушти Македонија поради активности што, како што истакна македонското МНР, се косат со однесување на странски дипломат во земја домаќин.

Спонзорирано: