24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

И спортот на македонски, Владата во постојана промоција на јазикот, опозицијата нека блокира без граѓани

Меѓународниот успех на репрезентацијата или домашните клубови вообичаено е причина за радост, но, во земјава беше причина и за гнев, бидејќи настапите на националниот и другите тимови досега можеа да се следат на телевизија само на странски јазик. Владата одлучи ова да се смени откако на вчерашната своја седница да ја усвои информацијата за овозможување содржина и емитување на македонски и албански јазик на Спорт Клуб и Арена Спорт.

Сепак, како и обично, опозицијата наместо да се радува на ваквите успеси, како што се радуваат граѓаните, продолжува со протести, блокирање улици со десетина партиски членови, правење метеж во сообраќајот и измислувајќи непостоечки теории за непризнавање на македонскиот јазик.

Авторските права на програмите кои ги емитуваат операторите се во согласност со директивите од ЕУ, а ова покажува дека македонскиот јазик никогаш не бил доведен во прашање од ниту една институција како што тврди опозицијата, туку напротив се оди и на следни чекори дури и на полето на можностите на граѓаните спортските натпревари да ги следат на јазикот кој е признаен како втор официјален јазик на Северна Македонија.

Со оваа одлука Аренаспорт и Спортклуб ќе бидат регулирани како и секаде во регионот, Словенија, Хрватска и Србија каде се емитуваат на официјалните јазици во овие три земји. Сето тоа сега треба да се имплементира и кај нас најдоцна за три месеци.

Каналите кои се реемитуваат во Северна Македонија мора да бидат реемитувани на оној јазик на кој оригинално се емитуваат во таа држава од каде имаат добиено дозвола. Спортските новинари во неколку наврати бара законска интервенција од државата.