Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Преземаме активности за приближување на услугата на матичните лекари до пациентите во руралните средини

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска одржа состанок со претставниците на Лекарската Комора (ЛК), д-р Калина Гривчева Старделова и на Здружението на приватните лекари (ЗПЛРМ), д-р Лилија Чолакова Дервишова како и со координаторите на региони на ЗПЛРМ од градовите низ целата држава.

На средбата се дискутираа повеќе различни прашања со цел подобрување на работата на матичните лекари, зголемување на функционалноста и унапредување на условите за работа на матичните лекари. Целта е да преку размена на информации се придонесе кон реализација на квалитетни решенија. Во периодот што следува ќе се преземат потребните активности за приближување на услугата на матичните лекари према пациентите во руралните средини со што ќе се обезбеди пристап кон квалитетна здравствената заштита за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

МИСТЕРИОЗЕН ПРОНАЈДОК ВО КРУШЕВО – Пронајдена коска што наликува на дел од човечки череп

ДЕСК

СИЛНИОТ ВЕТЕР ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР НА БАНДЕРА ВО БИТОЛА – Интервенирале пожарникари

ДЕСК

ДВЕ ПРИЈАВИ ЗА НАПАДИ ВРЗ УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛА – Родители алармирале во полиција

ДЕСК