Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасено е лицето кое се обиде да скокне од зграда

Денеска (08.06.2021) околу 12.00 часот, со интервенција на преговарачки тим од Специјалната антитерористичка единица при МВР беше спасено лицето кое се обиде да скокне од покрив на зграда на ул.„Филип Втори Македонски“(во близина на трговскиот центар Мавровка).

Лицето безбедно и без повреди е симнато од зградата и однесено во полициска станица за понатамошна постапка.

Како што претходно објавивме, утрово во 08.10 часот од граѓанин беше пријавено дека на наведената локација има лице на покрив од зграда и дека сака да скокне.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ – Затворен патот Охрид–Ресен преку Галичица, влажни коловози низ Македонија

ДЕСК

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ПРЕМИЕР СО ПОРАКА ДО СОФИЈА И СКОПЈЕ – Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

ДЕСК

ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА ЗА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ОХРИД – Левица тврди дека бил претепан 15-годишник, бара одговори од Тошковски

ДЕСК