Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ужас: 47-годишна гостиварка злоупотребила фотографии на малолетничка од „Фејсбук“

47-годишна гостиварка во неколку наврати преземала фотографии од малолетничка на Фејсбук ги прикачувала на нејзиниот личен профил и на тие фотографии додавала недолични коментари соопшти МВР.

Од таму дообјаснуваат дека, Обвинителството во Гостивар повело постапка против 47-годишната гостиварка за која постои основано сомнение дека го сторила кривичното дело – Злоупотреба на лични податоци казниво по Кривичниот законик.

Осомничената без согласност, на 14 и 15 мај 2021 година, во неколку наврати преземала фотографии од „Фејсбук“ профилот на малолетната ќерка на оштетената и ги прикачувала на нејзиниот личен прифил. На така преземените фотографии додавала недолични и лажни коментари, коишто предизвикале чувство на омаловажување кај оштетената и нејзината ќерка.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Први другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДС, кои го чекаа со црвен тепих, јавно го величаа и му се заблагодаруваа

ДЕСК

ДOМ: Граѓаните не живеат од проценти – бараме економија што носи пристојни плати, чист воздух и европски институции

ДЕСК

Што јадеме? – АХВ во Радовиш и Пепелиште одземеде околу 2 тони месо и производи од месо

ДЕСК