Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: За да спаси еден свој човек ВМРО-ДПМНЕ ја фрла под нозе Армијата

СДСМ со реакција на прес-конференција на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ:

За да спаси еден свој човек ВМРО-ДПМНЕ ја фрла под нозе Армијата. ВМРО-ДПМНЕ како да заборава дека Министерството за одбрана предложи измени и дополнувања на Законот за служба во Армијата, кои значат нови поволности за припадниците на Армијата. Шанса за војниците на 45 години возраст да изберат испратнина од 1000 евра за секоја помината година на служба во Армијата, поповолни услови за пензионирање, стипендирање на дефицитарни кадри кое ќе ги зајакне капацитетите на Армијата. И најважното – издигнување на професионалниот ангажман на припадниците на Армијата и оневозможување на партиски влијанија.

ВМРО-ДПМНЕ како да заборавија дека тие измени ги блокираа со 2000 амандмани, со цел да спасат еден нивен човек. Човекот кој праќаше закани “долга е раката на ВМРО”.

Сега спасувачката операција ја преименуваа во “нов предлог на закон”, па уште се чудат зошто пратениците на СДСМ не гласаат за него.

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да направи нешто за Армијата, но не направи. Ништо не прави ни сега освен што по заобиколен пат сака му направи услуга на својот партиски пулен. Па макар тоа било на штета на сите припадници на Армијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол учествувале во сообраќајни незгоди

ДЕСК

Пет лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно шест пријави во Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп во последното деноноќие

ДЕСК