Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На протестите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе возила отколку револтирани граѓани

Без голема поддршка и јасни пораки изминаа протестите на ВМРО-ДПМНЕ, организирани под слоганот „Доста е. Излези за Македонија“. На блокираните главни крстосници во десетте градови во земјава излегоа само мал број членови и симпатизери на најголемата опозициска партија, а на неколку локации јавноста беше сведок на повеќе автомобили и медиумски екипи отколку револтирани граѓани.

Слабата заинтересираност беше воочлива и во Скопје, но и во поголемите градови од внатрешноста, како Битола и Струмица, иако од партијата повикаа на масовност.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на Фејсбук сподели дека излегол на улиците за да го крене гласот за разговорите со Софија и да добие одговор од власта на прашањето „каков е тој патоказ, договор или што и да е“. Но, повикот на Мицкоски од социјалните мрежи наиде на неуспех во реализацијата и улиците останаа далеку попразни од очекувањата на партијата за масовна сплотеност околу идејата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно истакна дека дава поддршка и за протестите кои ги организираа дел од родителите што се против најавениот процес на дигитализација, но самите организатори, особено по слабата посетеност, веќе подолг период не најавуваат дека повторно ќе излезат на улица.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Веќе не се спремаме за избори, туку да ја вратиме власта во рацете на граѓаните!

ДЕСК

Филипче: Целосно ќе ја разобличиме криминогената власт на ДПМНЕ и ЗНАМ

ДЕСК

Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.