17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на блокади во Скопје и 10 градови во Македонија, Заев да каже за што разговара

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека од утре започнуваат со блокади на три места во Скопје и во десет градови низ Македонија се додека како што рече на јавноста не и биде покажан документот којшто го преговарале двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија.

„Ова можеме да го спречиме само на еден начин, а тоа е јавноста со својата критика, а истовремено и народ на улиците, во рамките на тоа ВМРО-ДПМНЕ секој ден почнувајќи од утре ќе ги блокира на три места Скопје и десет градови во Македонија во периодот од 15 до 17 часот, се додека на јавноста не и биде покажан документот „Патоказ“ или како сакате наречете го, којшто го преговараа двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија, а се однесува на прифаќање на Декларацијата која е усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година, да биде дел од преговарачкиот процес или да бидам чекор попрецизен тоа е првиот кластер „фундаменталс“ или претпоглавје. Така да како нација и како држава доколку ова биде дел од преговарачкиот процес ние ќе бидеме доведени пред двоен избор,а тоа е или асимилација – бугаризација за еден ден кога ќе ги завршиме реформите и бидеме дел од ЕУ или замрзнување и напуштање на сонот за ЕУ“, рече Мицкоски.

Тој рече дека од високи дипломатски извори, од Брисел, но и од официјална Софија дознале дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот парламент практично ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија.

„И од тој момент билатералниот проблем којшто ние го имаме со официјална Софија, а се однесува на посебноста на македонскиот народ, култура, традиција, обичаи, македонскиот јазик, антифашистичката борба, сите оние проблеми коишто се содржани во Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент ќе бидат проблем којшто ќе го имаме ние со Европската Унија, односно од билатерален проблем, тоа ќе прерасне во проблем помеѓу Македонија и Европската Унија“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелираше до сите политички партии да се приклучат на барикадите.

„Да не биде после тоа доцна, за тоа што грешката денеска која што ќе се направи може да има влијание на иднината на сите оние генерации кои што се неродени и сите оние генерации кои што практично се денеска со нас и кои што треба нас да не наследат“, рече Мицкоски.

„Апелирам до вас оставете ги овие хегемонистички барања од официјална Софија кои што ги негираат посебноста на македонскиот јазик, идентитетот, историјата, културата, обичаите, и стапете со вредностите на кои што почива идејата за ЕУ. Дајте ни датум да почнеме со преговори со вас и таа дата да биде сега на 21-ви јуни. Овој народ тоа го заслужува. Можеби тоа не го заслужува Зоран Заев и оваа Влада, со сигурност не, но овој народ тоа го заслужува.Ние сме за достоинствени преговори, а ние ќе ви покажеме дека можеме и заслужуваме да бидеме дел од вас на таа маса“, рече Мицкоски.

Спонзорирано: