Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Штип – повредени три лица

Три лица се повредени, од кои двајца потешко во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера околу пладне кај селото Крупиште на патот Пробиштип – Штип.

-Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од Пробиштип и патничко моторно возило „фиат панда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(70) од Пробиштип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Р.(68) од возилото „фиат панда“, констатирани во Клиничката болница Штип, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +