Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Вториот дел од Градскиот парк во Скопје летово ќе добие нов изглед

Почна реконструкцијата на патеките во вториот дел на Градскиот парк, а на настанот присуствуаше и скопскиот градоначалник Петре Шилегов според кого тој дел бил долго време запуштен.

„Започнуваме голема реконструкција на патеките во таканаречениот нов дел од паркот. Градскиот парк е формиран некаде 1930 година, а овој дел е изграден во 1970 година, и од тогаш ние немаме сериозна интервенција во овој дел од паркот. Како што и самите добро знаеме станува збор за сериозно руинирани и сериозно девастирани патеки што веќе стануваат и критични за безбедноста на граѓаните“, посочи Шилегов.

Градоначалникот нагласи дека се работи за инвестиција во вредност од 20 милиони денари, а очекувањата се дека површината од 20 илјади квадратни метри, ќе биде готова во наредните 35 до 40 дена.

„Така, овој дел од паркот ќе добие целосно нов изглед имајќи предвид дека со овие активности е предвидена и целосна замена на канделабрите, поставување на нови клупи и канти за џебен отпад за кои сме сведоци дека недостигаат, така што од средината на јули овој дел од паркот ќе има целосно нов лик“, рече Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК