31.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата во клиничкиот во Србија и оној на Заев и Филипче е во 400 милиони евра кои тие ќе ги стават в џеб

Најкорумпираната Влада во Европа предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство Венко Филипче сакаат да направат нов криминал, сега со наводна градба на нов клинички центар, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ И тој клинички центар би чинел повеќе од половина милијарда евра или Заев и Филипче планираат нова народна пљачка.

За разлика од кај нас, во Србија клинички центар се гради за 4 пати помала сума, во вредност од 125 милиони евра. Според карактеристиките, станува збор за ист клинички центар. Разликата е во тоа што тој се прави за четири пати помала сума и со детален проект, а за Македонија ист таков би чинел четири пати повеќе или повеќе од половина милијарда евра и со физибилити-студија од само 30 страници“, се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека според физибилити-студијата спроведена од Заев, Филипче и екипата, во цената од половина милијарда евра за новиот клинички центар не се вклучени изградбата на пристапните патишта, снабдувањето со струја, довод и одвод на вода, канализација, како и телекомуникациската мрежа.

„ Значи грабежот овде, во Македонија, ќе биде уште поголем. Во Србија наскоро, или во септември – октомври, ќе има нов клинички со 1.000 болнички кревети, работен врз основа на детален проект што ќе чини 125 милиони евра. Во Македонија има само физибилити-студија oд 30 страници, која е параван за уште еден грабеж на Заев и Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи овој грабеж!

Четири години власт на Заев. Четири години украден живот. Доста е!“ порачаа од опозициската партија.