Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Струмица уапсени двајца дилери од Штип

Полицајци во Струмица во попладневните часови на 1 јуни уапсиле двајца жители на Штип В.Љ. (37) и З.Ч. (34).

Како што информираат од МВР, при преглед во автомобил „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управуван од В.Љ., каде сопатник бил З.Ч., била пронајдена марихуана и бела прашеста материја.

Двајцата штипјани биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +