Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Облачно време со врнежи од дожд

Времето ќе биде претежно облачно, од пладневните часови со врнежи од дожд, на места пообилни, кои ќе се задржат до крајот на денот, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени.

Во Скопје облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во првите два дена од работната седмица ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од среда следува стабилизација на времето со зголемување на температурите.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК